ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ОТПАДНО СТАКЛО
Овој ПРАВИЛНИК ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ОТПАДНО СТАКЛО го регулира начинот на кој ДПТУ АКРОН ДОО СКОПЈЕ го врши преземањето и плаќањето на отпадното стакло донесено на местото на преземање, во рамки на фабричкиот круг на АД Стакларница Скопје, на адреса бул. Борис Трајковски 200к (Првомајска бб).
|
Преземете го комплетниот правилник на следниот линк
ПРАВИЛНИК - Јуни,-2023
|
АКРОН врши преземање на отпадно стакло според следните категории:
АМБАЛАЖНО СТАКЛО - КАТЕГОРИЈА 1
Амбалажно стакло (шишиња, тегли) сепарирано по боја, БЕЗ какви било нестаклени додатоци, хартиени, пластични, метални (без етикети и капачиња), без видливи остатоци од храна и други контаминати во скршена или нескршена форма.
АМБАЛАЖНО СТАКЛО - КАТЕГОРИЈА 2
Амбалажно стакло (шишиња, тегли)
сепарирано по боја, СО етикети и капачиња, без видливи остатоци од храна и други контаминати во скршена или нескршена форма.
АМБАЛАЖНО СТАКЛО - КАТЕГОРИЈА 3
Амбалажно стакло (шишиња, тегли) несепарирано по боја, СО етикети и капачиња, без видливи остатоци од храна, пијалоци и други контаминати.
РАМНО СТАКЛО НЕОБОЕНО - КАТЕГОРИЈА 4
Рамно стакло
необоено, без фолија, арматура или ламинат, добиено како отпад од кроење, кршење или друго оштетување, или рамно стакло од стари прозорци, врати и други производи од стакло применети во ентериерно и екстериерно уредување,
БЕЗ примеси како кит, гума, лепак и слично.
*ПОЈАСНУВАЊЕ:
Во оваа категорија влегуваат сите видови НЕОБОЕНО СТАКЛО, ФЛОТ СТАКЛО СО БЕЛ ПРЕСЕК (КРИСТАЛНО СТАКЛО) ИЛИ СО ЗЕЛЕНКАСТ ПРЕСЕК, ПЕСКАРЕНО СТАКЛО (мехaнички или хемиски – сатинирано) и ОРНАМЕНТ СТАКЛО БЕЗ БОЈА
ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА НЕ СПАЃААТ СЛЕДНИТЕ КОНТАМИНАТИ:
- ПАМПЛЕКС СТАКЛО (или кој било вид ламинирано стакло)
- 4-СЕЗОНИ СТАКЛО
- ШОФЕРШАЈБНИ (ветробранско стакло)
- АРМИРАНО СТАКЛО
- СТАКЛО СО ВИДЛИВИ ОСТАТОЦИ ОД КИТ ИЛИ КАТРАН
- НИЈАНСИРАНО СТАКЛО, СТОПСОЛ, ПАРСОЛ ИЛИ ЛАКОБЕЛ
ДОКОЛКУ ВО ПРЕДАДЕНАТА КОЛИЧИНА СЕ НАЈДE КОЈ БИЛО ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ КОНТАМИНАТИ, ЦЕЛАТА КОЛИЧИНА ОД ТОА ПАКУВАЊЕ ЌЕ БИДЕ ОДБИЕНА ОД КРАЈНАТА СУМА ЗА ПЛАЌАЊЕ
РАМНО СТАКЛО НИЈАНСИРАНО - КАТЕГОРИЈА 5
Рамно стакло
нијансирано – несепарирано по боја, без фолија, арматура или ламинат, добиено како отпад од кроење, кршење или друго оштетување, или рамно стакло од стари прозорци, врати и други производи од стакло применети во ентериерно и екстериерно уредување, БЕЗ примеси како кит, гума, лепак и слично
.
*ПОЈАСНУВАЊЕ:
Во оваа категорија спаѓаат сите видови нијансирани транспарентни стакла вклучувајќи
4 сезони стакло, стопсол и парсол стакла.
Во оваа категорија не спаѓаат боени (нетранспарентни), ламинирани или Лакобел стакла. За чистотата во поглед на нестаклените примеси важат одредбите од Категорија 4.
ОГЛЕДАЛО - КАТЕГОРИЈА 6
Сите видови на огледала, флот огледало, нијансирано огледало (бронза, кафено, зелено, сиво итн.)
БЕЗ примеси како кит, гума, лепак и каков било тип на општ отпад.
РАМНО СТАКЛО - КАТЕГОРИЈА 7
Рамно стакло од стари прозорци, врати и други производи од стакло применети во ентериерно и екстериерно уредување,
заедно со рамки (дрвени, пластични, метални), сендвич стакла заедно со гума и метал во меѓупростор, во нескршена форма МОЖАТ ДА СЕ ДЕПОНИРААТ БЕЗ НАДОМЕСТОК. ЗА ПРЕДАДЕНИТЕ КОЛИЧИНИ ПОСЕДУВАЧОТ ЌЕ ДОБИЕ СООДВЕТЕН ДОКУМЕНТ.
напомена
НАЧИН НА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ОТПАДНО СТАКЛО
Преземање стакло од физички лица
Преземање на стакло од физички лица се врши исклучиво со приложена лична карта и доставена трансакциска сметка. Физичкото лице мора да биде заведено во базата на податоци на АКРОН со следните податоци:
Плаќањето на преземеното стакло се врши на трансакциската сметка на достаувачот во рок од 15 работни дена од денот на преземањето. Износот на трансферираните средства за физички лица се намалува за износот за персонален данок.
Преземање на стакло од правни лица
При преземањето на отпадното стакло по категории, Акрон издава соодветна документација.
Трансферот на средствата за преземените количини се врши во рок од 15 работни дена од приемот на фактурата.
Имате потреба од нашите услуги?
Ве очекуваме за идна успешна соработка.
СТАКЛОТО Е ЕДИНСТВЕН АМБАЛАЖЕН МАТЕРИЈАЛ ШТО МОЖЕ НЕОГРАНИЧЕНО ДА СЕ РЕЦИКЛИРА И ПРИТОА ДА ГО ЗАДРЖИ ИСТИОТ КВАЛИТЕТ